25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСемета: Австрија не смее да споделува банкарски информации со САД

Семета: Австрија не смее да споделува банкарски информации со САД

semeta

Еврокомесарот за даночна политика Алгирдас Семета ја критикуваше австриската политика за тајност на банкарските податоци, наведувајќи дека ЕУ може да се жали поради тоа.

– Држава како што е Австрија не може да дели банкарски информации со САД, а да одбие да ги пружи на своите европски партнери, рече Семета во интервју за австрискиот весник „Стандард“, осврнувајќи се на преговорите меѓу Австрија и САД за автоматска размена на информации за американски граѓани со сметки во австриски банки.

Семета наведува дека ако една членка на ЕУ договара подобри услови за трета земја во однос на партнерите од Унијата, тоа претставува кршење на законот, што може да доведе до приговори од Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП