3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксуз под вода - Water Discus Hotel

Луксуз под вода – Water Discus Hotel

di2

Water Discus Hotel – ова е вистинската слика за Дубаи, тука луксузот го има на секој агол. Овој хотел  е неверојатна модерна комбинација која на гостите ќе им овозможи да им се восхитуваат на длабочините на океанот.

Хотелот е составен од повеќе делови кои наликуваат на дискови. Секој диск од хотелот  е посебна приказна. Двата главни дела од структурата се поврзани со лифтови и скали. Големината на секој диск е прилагодена на локалните услови. Безбедноста е главен приоритет за дизајнерите на структурата.

Во дискот, кој се наоѓа до 10 метри под површината на морето, постои 21 хотелска соба во близина на подводниот центар за нуркање и бар.

Секоја соба ќе ви овозможи максимален комфорт, луксуз, и ќе ви даде можност за директен контакт со подводниот свет.

Ресторанот се наоѓа во еден од дисковите во океанот. Како и сите соби во комплексот, тој нуди прекрасен панорамски поглед. Тука можете да ги вкусите сите интернационални специјалитети, во кујната на ресторанот работат 17 специјализирани кувари кои ќе се погрижат вистински да ви го доловат вкусот на секое парче храна. Цените за едно ноќевање се движат од 770 долари до 22.000 долари.

di1

di3

di4

di5

di6

di7

di8

di9

di10

di11

di12

di13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП