21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp издава нови акции

Sharp издава нови акции

sharp1

Јапонскиот производител на електронски апарати планира да собере вкупно 1,7 милијарди американски долари свеж капитал.

Планот на „Sharp“ е да издаде нови акции со вкупна вредност од 1,5 милијарди американски долари, при што преостанатите 175 милиони долари ќе бидат собрани преку трети лица од партнерските компании како што се „Lixil Group“, „Makita Corp.“ и „Denso Corp“.

На овој чекор „Sharp“ се одлучи со цел полесно да ги финансира своите тековни обврски. Имено, во минатата фискална година која заврши на 31. март 2013 година, групацијата забележа стабилно ниво на приход, но високите оперативни трошоци предизвикаа висока загуба која дополнително се зголеми од 3,8 милијарди на 5,5 милијарди американски долари.

Освен тоа, работењето на „Sharp“ е оптеретено и со високиот долг, соодносот на долгот и капиталот е зголемен од 1:8 на крајот на фискалната година, на 9:4 на крајот на март 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП