19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапата раса на светот, легендата вели дека е „божјо куче“ и тешко...

Најскапата раса на светот, легендата вели дека е „божјо куче“ и тешко се припитомува

Кучето кое беше продадено како најскапо на светот е златен тибетски мастиф, а Кинез пред неколку години за него платил дури два милиони долари. При таа продажба кучето тежело 90 килограми и било високо 80 сантиметри.

Терминот мастиф европејците го користеле за сите големи раси на кучиња, па ова кученце, кое всушност е тибетско планинско куче или хималајско планинско куче, го добило истото име. Доаѓа од номадските култури на Тибет, Кина, Индија, Монголија и Непал.

Легендата вели дека тибетскиот мастиф е „божјо куче“

Како што сугерира името, расата потекнува од Тибет, каде (вклучувајќи го и регионот на Хималаите) се користело како куче чувар на добитокот, но и како куќа на своите господари. До средината на 20 век, расата која е позната и како „Do Khyi“ била речиси непозната во Европа, а европските одгледувачи се најодговорни што не изумираат.

Постојат неколку легенди за неговото потекло. Еден од нив вели дека пстигнале во Централна Азија пратејки го Атила Хунот. Постои, исто така, и онаа која вели дека тибетскиот мастиф е „божјо куче“, бидејќи претставува трансформација на тибетски свештеник во куче.

По спектакуларната продажба од два милиони долари, одгледувачниците се фрлија на одгледување на овие кучиња, но се покажа дека се многу скапи за одржување. Тибетскиот мастиф не е куче за секого бидејќи неговата социјализација и припитомување бара многу време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП