2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуската влада не се откажува од данокот за богатите

Француската влада не се откажува од данокот за богатите

fransoa1

Владата планира нов начин на воведување на данок од 75 проценти, откако предлогот на Франсоа Оланд беше отфрлен од Уставниот суд.

Француската влада за еден месец ќе го претстави новиот начин на воведување на данок за многу високите приходи, со што ќе се замени досегашното правило, кое на крајот на декември беше укинато од Уставниот суд, објави владата на оваа земја.

Владата во четвртокот ги негираше информациите за можното откажување од воведување на данок од 75 проценти за Французите кои годишно имаат приходи поголеми од еден милион евра, данок кој го предложи Франсоа Оланд, и покрај тоа што Уставниот суд го прогласи за незаконски.

Нацрт-законот ќе биде преформулиран  и доставен до Собранието за разгледување.

Оланд во текот на следните две години, сака да направи пресврт во француската економија, период во кој ќе трае овој данок, меѓутоа, најновите показатели не одат во негова корист.

Намалување на невработеноста

Проценките кажуваат дека оваа година растот на француската економија ќе биде малку над нулата, а наредната година околу 0,8 проценти.

Оланд изјави дека реформите ќе продолжат и дека една од главните цели е да се намали невработеноста, која бележи раст во последните 19 месеци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП