27 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали кафето е добро против мамурлак?

Дали кафето е добро против мамурлак?

Без разлика дали се работи за утро по синоќешната пијанка или сте сфатиле на сред забава дека треба брзо да се отрезните, сигурно сте слушнале дека кафето може да помогне. Но, дали вистина?

Имаме лоши вести. Кафето не ви помага да се отрезните, дури и ако ви се чини дека помага.

Кафето е стимуланс, а алкохолот е депресив. Површно гледано, има смисла дека тие би имале спротивен ефект. Кога сте пијани, пиењето кафе сè уште делува на ист начин. Но, тоа е се што кафето може да направи – да ве натера да се чувствувате будни.

Кофеинот нема да го забрза начинот на кој вашето тело го метаболизира алкохолот, ниту пак ќе ги намали ефектите на алкохолот кои почнале да се појавуваат. Иако можеби се чувствувате побудни после кафето, не сте помалку пијани. И тоа е она што е опасно, пишува Lifesavvy.

Кога пиете, расудувањето веројатно ви е нарушено. Ако посегнете по кофеин, одеднаш почнувате да се чувствувате повнимателно и може да бидете во искушение да пиете повеќе или уште полошо, може да посегнете по клучевите. Но, не заборавајте – не сте трезни. Вашето тело сè уште преработува алкохол, а ако сте на пат и зад воланот, сепак сте опасност за себе и за другите.

Кој е најдобриот начин да се отрезните?

Па, за почеток, би било добро да не претерате со пиењето. Но, понекогаш работите се случуваат, нели? Кога е така, времето е вашиот најдобар пријател. Да, единственото нешто што навистина ви помага да се отрезните е да почекате, да пиете вода и малку да се одморите.

Што се однесува до мамурлакот, размислете двапати пред да посегнете по уште една рунда. Ако мамурлакот ви е се потешко да го поднесете, можеби тоа е само вашата возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП