24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција прва во редот за банкрот

Грција прва во редот за банкрот

gr1

Најголема опасност од банкрот и се заканува на Грција, покажува најновиот извештај на консултантската компанија „CMA Vision“.

Во извештајот за кредитен ризик, кој е изработен врз основа на податоците од четвртиот квартал во 2012 година, „CMA Vision“ помеѓу 10-те земји со најголема веројатност за банкрот ги вклучи Аргентина, Кипар, Пакистан, Венецуела, Украина, Португалија, Египет, Ирак и Либан.

Меѓу 10-те земји со најмала веројатност за банкрот се скандинавските земји Шведска, Норвешка, Финска и Данска, потоа САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Австралија и Холандија.

Од земјите во регионот на листата се наоѓаат Хрватска, која е на 18 место, Словенија и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП