26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАУтре во 7 наутро приватните превозници ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“

Утре во 7 наутро приватните превозници ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.“Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

На крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ во 07 часот протест најавија приватните превозници кои се дел од јавниот автобуски превоз во главниот град.

Според најавите на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и со над 300 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП