29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа продажба броеви на речиси 500 милиони корисници на „WhatsApp“ (ФОТО/ВИДЕО)

На продажба броеви на речиси 500 милиони корисници на „WhatsApp“ (ФОТО/ВИДЕО)

Со корисничка база од над две милијарди луѓе, „WhatsApp“ е најголемата платформа за пораки. Ова значи дека протечената база на податоци ги содржи телефонските броеви на четвртина од сите корисници на „WhatsApp“.

„Cybernews“ пренесува дека од споменатите 487 милиони контакти, повеќе од 32 милиони од нив се од Соединетите Американски Држави, 45 милиони се од Египет, 29 милиони се од Саудиска Арабија, 20 милиони се од Франција и Турција, 11 милиони се од Велика Британија…

„Cybernews“ истакнува дека хакерите не спомнале како стигнале до оваа база на податоци и сугерираат дека користеле сопствена технологија за собирање на податоците.

Можно е хакерите технички да не го хакирале „WhatsApp“, туку ги собрале податоците со помош на технологијата „web scraping“, која вклучува водење на автоматизирана скрипта за да се потврди дека веб-локациите се користат за „WhatsApp“.

Се нагласува дека не може да се дознае дали во таа база се наоѓа и вашиот број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП