6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗаработка од 800 милиони долари за еден ден продажба на GTA V

Заработка од 800 милиони долари за еден ден продажба на GTA V

gta

По неколку месеци на исчекување, „Grand Theft Auto V“, конечно е пуштена во продажба во САД, а во првиот ден компанија која стои зад играта, заработи 800 милиони долари.

„„Grand Theft Auto V“ е продадена во повеќе коппи во првиот ден од било кој друг наслов на компанијата и „GTA“ серијата“, стои во соопштението на „Rockstar North“.

Конор Шеридан, новинар во „Games Radar“, предвидува дека продажбата на „GTA V“ ќе продолжи да расте во наредните неколку дена.

„Кога ќе започне продажбата во Бразил и Јапонија, играта ќе започнат да ја купуваат и оние кои секогаш го избегнуваат метежот кој се прави во првите неколку дена. Се очекува „GTA 5“ да ја надмине заработката од една милијарда долари за неколку дена, а не недели“, вели тој.

Инаку „GTA V“ е и најскапата игра која досега е направена, бидејќи нејзината изработка чинеше 266 милиони долари. За нејзината популарност во светот можеби најдобро говори фактот дека пред излегувањето на ново продолжение доаѓа до вистински „бран“ на боледувања во компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП