3 мај, 2024

Transocean Chronograph 38

cas1

Познатиот бренд „Breitling“, на луксузната серија на „Transocean“ часовници, која инаку е посветена на луѓето со авантуристички дух, додаде уште еден, изразено елегантен женски модел со ознаката „Transocean Chronograph 38“. Овој часовник за жени претставува современа интерпретација на естетиката на рачните часовници од 50-тите и 60-тите години. Достапен е во три бои и тоа: црна, светло сива и темно сина.

cas2

Неговиот пречник изнесува 38 мм, што секако е нешто поголем, но не и преголем пречник за зглобот на една дама. Се изработува во две варијанти, од не’рѓосувачки челик и од 18 каратно розово злато. На капакот на куќиштето се изгравирани два авиона кои долго време беа симбол на „Breitling“, а исто така мораме да ја споменеме и нивната препознатлива буква „Б“ на бројчаникот. Овој детал е позлатен со 18 каратно злато. „Transocean Chronograph 38“ работи на „COSC“ сертифициран автоматски механизам (Breitling 41).

cas3

Часовникот се испорачува со метална мрежеста нараквица или кожен каиш од крокодилска кожа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП