Колекцијата на „Dolce&Gabbana“ есен-зима 2014 ги воодушеви љубителите на модата со своите мозаици и позлатени делови…
Екстравагантната колекција е инпирирана од мозаиците на „Montreal“. Во оваа колекција голема возбуда предизвикаа очилата за сонце кои се наменети за оние со подлабок џеб. Моќно стилизираните очила нема само да ги заштитат вашите очи, туку ќе ја зголемат и вашата елегнација. За нивното украсување е користено 24-каратно злато.
Се претпоставува дека тие ќе бидат најдобриот тренд оваа сезона и за многу кратко време ќе бидат хит на улиците во модните престолнини.
Нивната цена се движи од 490 до 1.390 долари.