Македонски Телеком започнува Новогодишна промоција за поголемо уживање и непречено споделување на празничните моменти со најблиските.
Сите нови Magenta 1 М и Mobile М корисници, како и постојните корисници коишто ќе склучат договор за лојалност на овие тарифни модели, добиваат 100GB промотивен мобилен интернет во период од 24 месеци, со активна е-сметка. Дополнително во рамките на оваа промоција се воведува и промотивен Фамилијарен буџет во износ од 9.000 денари по линија за Magenta 1/Mobile M и 12.000 денари по линија за Magenta 1/Mobile Unlimited. За уште поголемо уживање во најдобрата телевизија MaxTV, корисниците ќе може да активираат промотивен ТВ пакет HBO преку Telekom MK апликацијата и да уживаат во возбудливите филмски содржини без дополнителен надомест до 23.01.2023.

