21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајк во германскиот Amazon

Штрајк во германскиот Amazon

amazon2

Стотици вработени во малопродажната онлајн компанија „Amazon“ денес стапија во тридневен штрајк поради спорот околу платите, соопштија синдикатите.

Помеѓу 300 и 400 работници утрово прекинаа со работа во двата логистички центри во градот Бад Харсфелд, западна Германија, изјави Мектил Мидеке, претставник на германскиот синдикат Верди, пренесува агенцијата Франс прес.

Овој синдикат веќе со месеци се обидува да постигне договор со „Amazon“ за изедначување на платата на 9.000 работници во Германија со платата на работниците во дистрибутивниот сектор.

Компанијата „Amazon“ ги отфрли таквите барања, велејќи дека нејзините дистрибутивни центри всушност се логистички места и дека соодветно ги плаќа своите вработени.

Платата во логистичкиот сектор во Германија е пониска отколку во дистрибутивниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП