28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Pandora“ се подготвува за рецесија ѝ покрај големата побарувачка

„Pandora“ се подготвува за рецесија ѝ покрај големата побарувачка

Данскиот производител на накит „Pandora“ објави нешто посилна од очекуваната продажба во третиот квартал и рече дека се подготвува за рецесија, иако побарувачката на потрошувачите се покажала отпорна во услови на нагло зголемување на трошоците за живот.

„И покрај макроекономската и геополитичката несигурност, моделите на купување на нашите потрошувачи засега се главно непроменети“, рече извршниот директор Александар Лачик.

„Pandora“ сè уште очекува органски раст за целата година помеѓу 4% и 6% и ја потврди перспективата на оперативната профитна маржа од 25-25,5%.

Акциите на компанијата пораснаа за 6,5% на отворањето на берзата во Копенхаген во средата и се тргуваа за 7,8%.

„Веќе преземаме мерки на претпазливост за да обезбедиме профитабилност доколку се променат околностите. Компанијата ги намали промоциите и ги зголеми цените на една третина од своите производи во просек за 4%“, вели Лачик.

Сообраќајот во продавниците на „Pandora“ се зголеми во третиот квартал, додека бројот на производи купени од клиент остана непроменет. Само во Италија има знаци на слабеење на побарувачката.

Најголемиот светски производител на накит по производствен капацитет рече дека продажбата во САД, нивниот најголем пазар, паднала за 3 отсто. Компанијата го припиша очекуваниот пад на крајот на владината поддршка за американските потрошувачи за да ги надминат последиците од пандемијата со Ковид-19.

Компанијата објави продажба во третиот квартал од 5,26 милијарди дански круни (712,64 милиони долари), нешто над просечните прогнози на аналитичарите од 5,16 милијарди круни.

Резултатите од третиот квартал покажаа „изненадувачки еластично продажно опкружување“, пишуваат аналитичарите на „Jefferies“, додавајќи дека изгледа ветувачки за празничната сезона во четвртиот квартал.

„Pandora“, исто така, објави дека ќе им исплати вкупно 5,3 милијарди круни на своите акционери оваа година, што е еднакво на околу 13% од нејзината пазарна капитализација. Таа веќе има исплатено 4,3 милијарди круни како дивиденди и откуп на акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП