Времето денеска претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

