26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАБугарското МНР смета дека забраната за фашистички имиња на здруженија ги ограничува...

Бугарското МНР смета дека забраната за фашистички имиња на здруженија ги ограничува правата на Бугарите во земјава

Бугарското Министерство за надворешни работи е загрижено дека ќе се ограничат правата на Бугарите во Македонија, поради законските измени за формирање  здруженија. Оттука дополнително велат дека се загрижени поради попречување на ефективното и целосно спроведување на Договорот за добрососедство.

„Постојат сериозни загрижености дека законските измени се насочени кон дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, за кое повод е едностраната интерпретација на историските факти. Легитимниот стремеж за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да биде инструментализиран за намерно ограничување на правата на конкретни заедници“, велат од бугарското МНР.

Македонското Собрание на почетокот од овој месец изгласа измени на Законот за здруженија и фондации, со кои се забранува именување здруженија според спорни историски личности кои се поврзуваат со фашизам.

Законот ги засегнува бугарските здруженија во земјава, Иван Михајлов во Битола и цар Борис Трети во Охрид кои имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар.

„Бугарските здруженија во Македонија ќе постапуваат според закон, кој предвидува во рок од три месеци да си ги променат имињата. Здруженијата ќе направат сè што е потребно да продолжат да постојат во согласност со сите закони во Македонија“, велат од Фондацијата „Бугарско сеќавање“ на бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски.

Во одговор за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Фондацијата кажаа дека како земја членка на ЕУ, секогаш постапуваат по закон, и доколку никој не ги обжали на повисоко ниво измените на Законот за здруженија, бугарските здруженија ќе го почитуваат тоа.

Претходно, бугарскиот суд донесе одлука за затворање на македонското здружение во Бугарија за човекови права „Никола Вапцаров“. „Нов АСНОМ” Здружението на Македонците од дијаспората и забранетото македонско здружение, поднесоа претставка во Европската Комисија против Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП