28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWhatsApp воведе нова функција која треба да ја олесни комуникацијата со поголем...

WhatsApp воведе нова функција која треба да ја олесни комуникацијата со поголем број луѓе

Кога WhatsApp го најави воведувањето на Communities, односно Заедници во април, на корисниците не им беше многу јасно за тоа како овие „заедници“ ќе се разликуваат од веќе постоечките групи.

Со оглед на тоа што од денес Communities се официјално достапни за корисниците на WhatsApp ширум светот, тие решија да објаснат за што се работи.

Како што истакнуваат од WhatsApp, заедниците се замислени како соседство, група родители од училиште или колеги од работа кои можат да комбинираат неколку различни групи во една и да организираат групни разговори. Во превод, заедниците треба да бидат групи што опфаќаат повеќе групи.

За да основаат заедница, корисниците ќе треба да кликнат на опцијата „New Community“ во нивните апликации. После тоа, тие можат да додадат постоечки групи во таа заедница или да започнат нови.

Како најголема предност посочуваат дека кога корисникот избира заедница, може лесно и едноставно да „скока“ од една во друга група во рамките на таа заедница, а администраторите можат да испраќаат информации до сите во исто време.

Сакаме да го подигнеме нивото на кое организациите комуницираат, со ниво на приватност и безбедност што не можат да го најдат на друго место. Алтернативите што беа достапни до сега бараат да оставите копија од пораките во рамките на апликацијата или на серверите на компанијата. Веруваме дека корисниците бараат повисоко ниво на безбедност што го нуди шифрирањето на двата краја, напиша WhatsApp.

Покрај Заедниците, WhatsApp воведе и три нови опции – можност за креирање анкета во разговор, до 32 луѓе во видео повик и групи со најмногу 1024 корисници.

Но, тоа не е се. Како што посочуваат, се планира уште многу што треба да се појави во апликацијата во следните неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП