6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСината значка ќе се плаќа: Маск ја објави цената за верификуван профил...

Сината значка ќе се плаќа: Маск ја објави цената за верификуван профил на Твитер

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, најави дека сопствениците на проверени профили на таа социјална мрежа во иднина ќе треба да плаќаат по осум долари месечно за да ја задржат т.н. сина значка.

„Сегашниот систем на Твитер на господари и кметови врз основа на тоа кој има или нема сина значка е с****. Моќ на народот. Сина (значка) за осум долари месечно“, објави Маск на Твитер.

Тој додаде дека оваа цена сепак ќе се приспособува во секоја земја пропорционално на паритетот на куповната моќ.

За таа цена, според Маск, проверените корисници на Твитер ќе добијат приоритет во одговорите, спомнувањата и пребарувањата, што, според него, е од суштинско значење во борбата против спамовите.

Носителите на сини значки ќе можат да објавуваат подолги видеа и аудио клипови, а ќе бидат изложени на половина помалку реклами.

„Ова ќе обезбеди и приход за Твитер за наградување на креаторите на содржини“, додаде Маск.

Сината значка на Твитер моментално е бесплатна и покажува дека профилите што ја имаат се автентични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП