29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАВремето денеска сончево со температура до 27 степени

Времето денеска сончево со температура до 27 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени, информираат од УХМР.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. В петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП