29 март, 2024
ПочетнаДИЕТИСупер ефикасна диета: 6-7 килограми за две недели

Супер ефикасна диета: 6-7 килограми за две недели

Оваа диета е супер ефикаснa за сите кои имаат итна потреба од намалување на килограми. Диетата е лесна за држење, но е наменета за луѓето кои сепак можат да поднесат чувство на глад. За 14 дена таа ви ветува дека ќе ослабите 6-7 килограми.

Оваа супер ефикасна диета треба да се почитува многу строго, без никакви отстапки или промена на намирниците. Потребно е да се пие многу вода, барем 1,5-2 литри на ден. Диетата е препорачливо да се држи само 2 пати годишно со цел намалување на вишокот килограми и ослободување од токсините. Диетата се држи два пати по седум дена последователно.

Супер ефикасна диета – пример мени

Понеделник

Појадок: 1 чаша кафе или чај без шеќер, 1 двопек

Ужинка: 2 тврдо варени јајца

Ручек: 100 гр спанаќ, зачинет со 1 лажиче маслиново масло и лимонов сок, 1 домат

Вечера: 1 ќофте на скара од телешко мелено месо, 1 салата од домати и сецкан свеж кромид со 1 лажиче маслиново масло.

Вторник

Појадок: 1 чаша кафе или чај без шеќер, 1 двопек

Ужинка: 1 портокал или 1 јаболко

Ручек: 1 салата од домати и ситно исецкана свежа зелка со 1 лажиче маслиново масло и сок од лимон

Вечера: 2 тврдо варени јајца, 200 г варено пилешко месо, 1 зелена салата, зачинета со лимонов сок.

11617_1

Среда

Појадок: 1 чаша кафе или чај без шеќер

Ужинка: 1 тврдо варено јајце

Ручек: 200 г варени моркови, зачинети со 1 лажиче маслиново масло, 100 г сирење

Вечера: 1 овошна салата со овошје по избор (свежа, не конзервирана)

Четврток

Појадок: 1 чаша свежо цеден сок од јаболко

Ужинка: 1 јаболко

Ручек: 250 г варена или печена риба на скара, 1 домат

Вечера: 1 ќофте на скара од телешко мелено месо, 1 зелена салата, зачинета со 1 лажиче маслиново масло и сок од лимон

Петок

Појадок: 1 чаша свежо цеден сок од моркови

Ужинка: 1 јаболко

Ручек: 200 г печено пилешко (без кожа), 1 зелена салата, зачинета со 1 лажиче маслиново масло и сок од лимон

Вечера: 2 тврдо варени јајца, 1 рендан морков, зачинет со неколку капки масло

detox-dieta-122537-500x0

Сабота

Појадок: 1 чаша чај без шеќер, 1 двопек

Ужинка: 1 портокал

Ручек: 200 г печено телешко месо, 1 салата од ситно сецкана свежа зелка со лимонов сок

Вечера: 100 г рендан морков, зачинет со неколку капки масло, 150 г сирење

Недела

Појадок: 1 чаша чај без шеќер, 1 двопек

Ужинка: 1 морков

Ручек: 200 г варено или печено пилешко месо (без кожа)

Вечера: 300 г свежо овошје по избор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП