27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка оствари добивка од 30 милиони евра за периодот јануари-септември 2022

Комерцијална банка оствари добивка од 30 милиони евра за периодот јануари-септември 2022

Во периодот од 01.01-30.09.2022 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.850,8 милион денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.355,1 милион денари што претставува зголемување за 36,6%.

Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 105%. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 9,2% поголема во однос на минатата година како резултат на зголемувањето на приходите од редовно работење (нето приходи од камати, нето приходи од провизии и нето курсни разлики). Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови на сеуште присутни ризици поврзани со пандемијата со ковид-19, зголемена инфлација која поттикна затегнување на монетaрната политика, енергетска криза и воен конфликт помеѓу Русија и Украина, кои имаат изразено неповолни ефекти врз глобалната економија.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.887,7 милиони денари и бележат зголемување од 10,6% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2022 година изнесуваат 2.118,9 милиони денари, при што бележат зголемување од 16,4% главно како резултат на зголемено кредитирање кај нефинансиските друштва и домаќинствата, како и по основ на зголемени каматни стапки на благајничките записи и на кредитите пласирани во НБРСМ, зголемени каматни стапки и зголемени пласмани во домашни и странски банки и зголемено вложување во државни хартии од вредност. Планот за анализираниот период е остварен со 109,4%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2022 година изнесуваат 778,9 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 4,4% како резултат на зголемен обем на реализирани активности. Планот за анализираниот период е остварен со 102,9%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2022 година изнесуваат 226,9 милиони денари и бележат зголемување од 69,7%, што во најголем дел е резултат на значително зголемениот промет на девизен пазар со правни лица. Планот за анализираниот период е остварен со 180%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2022 година изнесуваат 761,2 милиони денари и бележат минимално зголемување од 0,6% главно како резултат на помал износ на реализирани приходи од капитални вложувања и капитална добивка од продажба на преземен имот, како и помалку остварени наплатените претходно отпишани побарувања. Планот е остварен со 89,4%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2022 година изнесуваат 1.482,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 13%, како резултат на зголемени материјални трошоци поради зголемена цена на електричната енергија, зголемени амортизација и донации во спортот по принцип на ваучери, како и заради зголемени премии за осигурување на депозитите. Планот е остварен со 101%.

Во периодот од 01.01-30.09.2022 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 7,5 милиони денари.

Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 546,8 милиони денари, наспроти 844,5 милиони денари во истиот период минатата година, што претставува намалување за 35,3%. Намалувањето на нето-исправката на вредност на финансиските средства се должи на повисоката споредбена основа во истиот период минатата година, кога Банката издвои поголем износ на резервации за корпоративното портфолио. Банката внимателно ги следи состојбите во домашната економија и тековно се изработуваат проценки за очекуваниот квалитет на кредитното портфолио до крајот на годината и неговото влијание врз финансискиот резултат.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП