25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Puma“ ја потврди својата годишна прогноза

„Puma“ ја потврди својата годишна прогноза

Германскиот производител на спортска опрема „Puma“ ги потврди своите насоки за резултатите од работењето во цела година и продажбата приспособена според валутата и покрај несигурноста на глобалниот пазар. Во исто време, компанијата го забележа најдобриот трет квартал во својата историја, пренесува „Reuters“.

„Puma“ соопшти дека нејзината заработка пред камата и данок (EBITА) се зголемила за 12,6% на годишно ниво на 258 милиони евра, а прилагодениот приход од продажба во третиот квартал се зголемил за 16,9% на 2,35 милијарди евра.

И покрај долготрајните ефекти од мерките поврзани со Ковид-19 кои доведоа до заклучување во Кина, „Puma“ забележа раст на приходите од продажба во регионот Азија-Пацифик за прв пат оваа година во третиот квартал.

„Подобрената достапност на производите поврзана со постабилен синџир на снабдување, подобрата продажба и континуираниот моментум на брендот „Puma“ ширум светот ги неутрализираат сите негативни надворешни фактори“, коментира извршниот директор Бјорн Гулден.

„Очекуваме континуирана нестабилност на пазарот во четвртиот квартал, но уверени сме дека можеме да ја исполниме нашата прогноза за целата година“, додаде тој.

Компанијата очекува прилагодениот приход од продажба да порасне за околу 15%, а заработката пред камата и даноци да биде помеѓу 600 и 700 милиони евра во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП