29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите „Google Messages“ значително ќе го подобрат користењето на „SMS“ (ВИДЕО)

Новите „Google Messages“ значително ќе го подобрат користењето на „SMS“ (ВИДЕО)

„Google“ става голем акцент на „RCS“ (Rich Communication Services) и како што се забрзува прифаќањето на „RCS“, се воведуваат нови функции за подобрување на пораките помеѓу „Android“ и „iOS“.

Благодарение на „RCS“, наскоро ќе може да се одговори на одредена порака од кој било дел од разговорот, под услов „RCS“ да е овозможен, така што последователните одговори нема да го прекинат тековниот разговор.

Корисниците на „Android“ кои испраќаат пораки на корисниците на „iOS“ ќе можат да одговорат на „SMS“ на „iPhone“ со свои емотикони. Исто така, ако некој испрати линк до видео на „YouTube“, тоа ќе може да се гледа од самата апликација „Messages“.

Гласовните пораки ќе бидат читливи. Со помош на машинско учење ќе може да се транскрибираат гласовните пораки.

„Да речеме дека сте во преполн простор и добивате аудио порака: транскриптите ќе ви овозможат да го „гледате“ аудиото како традиционалната текстуална порака“, посочува „Google“.

Ќе биде можно „интелигентно“ додавање ѕвезди на пораките за подоцна полесно и побрзо да се најдат. Дополнително, ако сочувате нечиј роденден или годишнина во апликацијата за контакти, ќе добиете потсетник за него кога ќе ја отворите апликацијата „Messages“.

Сето ова е само дел од она што го најавува „Google“. Повеќе за веста може да дознаете во нивното соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП