3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧудоворен утрински еликсир: Спречете настинка, ослабете, зајакнете го имунитетот

Чудоворен утрински еликсир: Спречете настинка, ослабете, зајакнете го имунитетот

Додавањето на овој моќен зачин во вашата исхрана е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашето долгорочно здравје.

Не сте запознаени со делотворноста на куркумата: Куркумата е портокалово-жолт зачин од Индија, дел од фамилијата на ѓумбирот. Куркумата е познат како силен антиоксиданс кој се бори со канцерогените слободни радикали, а исто така е и антисептик и имаат природно антивоспалително дејство.

Куркумата е неизбежна во индиската кујна, но ако не јадете индиска храна секој ден, како да го вклучите овој зачин во својата исхрана? Едноставно„ Зачинете ја вашата топла вода со лимон. За посилно дејство додадете и прстофат цимет кој исто така има антивоспалителни својства и може да го стабилизира нивото на шеќер во крвта (што значи дека ќе јадете помалку и ќе се чувствате подолго сити).

Состојки

– 1 шолја топла (не врела) вода, а можете да користите и шолја топло млеко по избор (бадемово, соино или кравјо)

– 1/4 лажичка куркума

– Сок од половина лимон

– Прстофат цимет (произволно)

– 1/8 лажица мед или агава сируп,

– Лажцица кокосово масло

Подготовка: Откако ќе ја загреете водата, додадете куркума, лимонов сок и мед, лажица кокосово масло и добро измешајте. Куркумата ќе се наталожи на дното од шолјата, па затоа и додека пиете, постојано мешајте. Испијте ја течнсота додека е уште топла.

Додавањето на куркума во вашиот утрински напиток е евтино, дава благ вкус, а делува и на секој систем во телото.

Додавањето на овој моќен зачин во вашата исхрана е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП