20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко спиете пет часа или помалку, сте во голема опасност!

Ако спиете пет часа или помалку, сте во голема опасност!

Новата студија на 8.000 државни службеници во Велика Британија покажува дека луѓето на возраст од 50 и повеќе кои спијат пет часа или помалку, како што стареат имаат поголем ризик од развој на повеќе хронични болести отколку луѓето на иста возраст кои спијат подолго.

Истражувањето објавено во списанието „PLOS Medicine“ покажа дека оние кои спиеле пет часа или помалку имале 30 отсто поголем ризик да развијат повеќе хронични болести со текот на времето во споредба со луѓето кои спиеле најмалку седум часа. Тој ризик се зголемува со возраста, па на 60-годишна возраст е за 32 отсто, а на 70-годишна возраст за 40 отсто.

Болести за кои постои поголем ризик се дијабетес, рак, хронични срцеви заболувања, мозочен удар, срцев удар, хронично заболување на белите дробови, хронично заболување на бубрезите, заболување на црниот дроб, депресија, деменција, ментални нарушувања, Паркинсонова болест и артритис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП