24 април, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 34 новозаразени со коронавирус, починаа две лица

Регистрирани 34 новозаразени со коронавирус, починаа две лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 598 теста, а регистрирани се 34 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 25, Битола – 3, Гостивар – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Од вкупниот број позитивни (34), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 33, Битола – 4, Куманово и Гевгелија – по 2, Прилеп, Велес, Штип, Кичево, Кратово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица, од Скопје (72) и од Прилеп (77 г).

Едно лице е починато во домашни услови и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во периодот од 17.9 до 1.10.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.178.565 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, бројот на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556 а бројот на активни случаи изнесува 320.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП