ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинетиот Y2C2 ресторан

Префинетиот Y2C2 ресторан

r1

Шангајското дизајнерско студио „Kokaistudios“ го дизајнираше „Y2C2“ проектот, прекрасен ресторан во Кина…

Локацијата на овој ресторан е многу необична за луксузен ресторан, се наоѓа во старо складиште на јужниот дел со поглед на реката Хуангпу. Ентериерот е прекрасен контраст од традиција и иновација, како хармоничен танц на џинга и џанга, со одбрани кинески декоративни елементи, стопени со современите и футуристичките елементи на дизајнот.

Сите простори се креирани на иновативен начин, од самото доаѓање каде драматичното и футуристичко лоби е декорирано со контрасни елементи од кинески фиоки, до просторот со два бара, две прилагодени станици каде што гостите добиваат молекуларен коктел за добредојде или традиционален чај.

Трпезарискиот простор е направен на невообичаен начин, со опкружување на централниот простор со поглед на реката, каде е креирана серија на приватни простории за јадење, што е решение за зачувување на приватноста на гостите, со можност за набљудување на прекрасните панорами.

За да се комплетира дизајнот, тоалетите имаат скриена играна улога која користи големи графики и мали детали на многу разигран начин кој допринесува во креирање на патување кое ќе ви остане во сеќавањата целиот ваш живот.

r2

r3

r4

r5

r6

r7

r8

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП