2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХаризматичната Мариса Маер го извлече Yahoo од дното

Харизматичната Мариса Маер го извлече Yahoo од дното

marisa1

Со Мариса Маер на чело, од јули минатата година, интернет компанијата „Yahoo“ доживеа вистинска ренесанса.

На неодамнешната конференција во Сан Франциско беше соопштено дека компанијата забележала 20-процентно зголемување на активните корисници, надминувајќи го вкупниот број од 800 милиони.

Најголемиот раст е забележан во основните производи и услуги на компанијата, веб пребарувачот и меил услугите.

Важен е фактот дека „Yahoo“ страниците ги надминале оние на „Google“ според посетата во текот на ова лето. Додека „Google“ привлекол 192,3 милиони посетители, „Yahoo“ привлекол 196,6 милиони посетители.

Во периодот на реструктуирање на компанијата, кој „Yahoo“ треба да го направи повеќе конкурентен, компанијата во повеќе наврати ги надогради своите постоечки услуги и го освежи својот добро позат бренд.

Освен тоа, освежени се и мобилните апликации, а како и што се очекуваше од Мариса Маер, се подготвуваат уште многу нови работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП