21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКлиника за детски болести: Директорката Др. Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена...

Клиника за детски болести: Директорката Др. Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со такви надоместоци кои беа на одредни документи презентирани во јавноста

Клиниката за детски болести денеска со официјално соопштение ја информираше јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита.

Тие се утврдени во:

  1. Член 216 – Дежурство
  2. Член 217 – Посебен случај на дежурство
  3. Член 218 – Готовност
  4. Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и
  5. Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност

Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.

-Во интерес на севкупната транспарентност на нашата институција во прилог на ова соопштение ви го доставуваме и законскиот акт (атачиран документ во ПДФ). Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на Директорката Др. Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста, велат од детската клиника.

-Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предвид нашата приоритетна работа, грижата за здравјето на пациентите, додаваат од таму.

-На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП