26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаучниците тврдат дека откриле како точно настанал животот на Земјата

Научниците тврдат дека откриле како точно настанал животот на Земјата

Тим на научници од Универзитетот Пурдју тврди дека ги открил хемиските елементи одговорни за потеклото на животот на Земјата. И тоа во обична капка вода.

Водачот на студијата и професор по хемија на Универзитетот Пурдју, Греам Кукс, во студија објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, откритието го опиша како „драматично“ бидејќи ја откри „тајната состојка за создавање живот“.

Тоа се хемиски соединенија одговорни за почетокот на животот. Ова е првиот показател дека праисконските молекули, едноставни амино киселини, се врзуваат заедно за да формираат пептиди, градежни блокови на животот, во капка чиста вода, напиша Кукс во соопштението.

Едноставно кажано, студијата на Кук ја потврди теоријата за која се дебатира со децении – дека животот на Земјата потекнува од океаните. Амино киселините, за кои научниците веруваат дека дошле на Земјата од дожд од метеорити, можат да се поврзат заедно за да формираат пептиди кои потоа формираат живот.

Но, она што со години ги збунуваше научниците беше фактот дека овој процес бара и влажна и сува средина. Користејќи нови спектрометри, Кукс и неговиот тим открија дека првичните реакции може да се случат штом капка вода ќе влезе во атмосферата. Ова може да објасни како настанал животот на места како што се бреговите на океаните или бреговите на реките и езерата.

Во студијата, Кукс и неговиот тим дури тврдат дека овие хемиски реакции можат да се случат без присуство на други катализатори. Тие се надеваат дека нивните откритија ќе овозможат подобро разбирање на основните процеси клучни за формирањето на животот на Земјата. Ова, посочуваат, би можело да им помогне на научниците полесно да откријат траги од живот во универзумот, но и можеби да овозможи создавање на сопствена верзија на „живот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП