23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДубровник на листата најкосмополитски градови во Европа

Дубровник на листата најкосмополитски градови во Европа

Објавена е листа со најгостопримливи земји и градови во Европа во 2022 година по избор на читателите на Conde Nast Traveler.

Титулата најкосмополитска земја ѝ припадна на Ирска, а град е шпанскиот Сан Себастијан. Инаку, Шпанија е на десетто место.

На листата се најде и еден град од Хрватска – Дубровник.

„Овој град, со својот стар дел, опкружен со камени ѕидови од 16 век и секогаш гостопримливи граѓани, заслужува посета. Камени улици полни со продавници, барокна архитектура, особено црквата ‘Свети Блез’ и, се разбира, пенливото море во заднина, придонесуваат за создавање пријатна атмосфера“, пишува Conde Nast Traveler за Дубровник и додава дека градот често е во сенка на Сплит.

Се избираше и на глобално ниво, па титулата за најгостопримлива земја во светот ѝ припадна на Француска Полинезија.

Читателите на Conde Nast Traveler во Европа најмногу ги воодушеви шпанскиот Сан Себастијан, кој ја понесе титулата најкосмополитски град во Европа.

„Познат по баскиската кујна и вкусните предјадења, шармот на Сан Себастијан веќе им е добро познат на љубителите на храната. Но, всушност, луѓето – можеби малку засенети од гастрономијата – официјално, според нашите читатели, се најљубезни и најпријателски во Европа“, пишува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП