29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАТензично во Охрид пред бугарскиот клуб: Ова бргу ќе изгори тука

Тензично во Охрид пред бугарскиот клуб: Ова бргу ќе изгори тука

Тензично е во центарот на Охрид, каде што почна протестот против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

„Ова бргу ќе изгори тука“, извикуваат присутните.

„Фашисти, убијци, Татари“, се само дел од извиците што  одекнуваат од центарот на Охрид.

Присутните демонстранти паролите ги извикуваат кон лицата што присуствуваат на отворањето на клубот, а стојат надвор и дофрлаат.

„Срамота за Македонија и за сите што го дозволуваат ова“, рече друг присутен демонстрант.

На протестот има и присутни на кои не им пречи отворањето на клубот, туку името што го сметаат за провокација.

Протестот почна пред официјалниот термин за отворање на клубот во 12 часот. Организиран е од Левицата, а поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Обидот за првото апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Маж кој фрли со предмет кон терасата, каде што е сметен бугарскиот клуб и каде што има гости присутни на свеченото отворање, требаше да биде уапсен, но по жестоките реакции на демонстрантите, полицијата се откажа од намерата.

Атмосферата во центарот на Охрид станува сè потензична. Демонстрантите се сè понервозни, а пцостите доаѓаат од двете страни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб, каде што има низа провокации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП