25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПочина најстарото куче на светот

Почина најстарото куче на светот

Женката фокстериер Пеблс, најстарото куче на светот, почина оваа недела на 23-годишна возраст, во југоисточниот дел на САД, објави Гинисовата книга на рекорди.

Сопствениците ја хранеа со храна за мачки од 2012 година, што според нив можеби придонело за нејзината долговечност.

„Пеблс, најстарото куче на светот, за жал почина, природно и мирно, дома и опкружено со своето семејство“, напишаа нејзините сопственици на Инстаграм.

Таа е родена на 28 март 2000 година во Лонг Ајленд, Њујорк и претежно живеела во државата Јужна Каролина. Со својата мала градба и тежина од 2 килограми, Пеблс во својот живот родила 32 кученца.

Пеблс беше прогласена за најстарото куче на светот во мај 2022 година, за време на посетата на експерти од Гинисовата книга, институција која запишува рекорди во сите области.

Според нејзината сопственичка Џули Грегори, Пеблс сакала кантри музика. Таа почина пет месеци пред нејзиниот 23-ти роденден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП