27 април, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 65 новозаразени со коронавирус, починаа три лица

Регистрирани 65 новозаразени со коронавирус, починаа три лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 695 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 14 реинфекции.

Регистрирани сe 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15.09 до 28.09. 2022. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови.

Бројот на починати досега е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП