3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром се договори со Украина

Газпром се договори со Украина

gazprom2

„Газпром“ ќе го зголеми транзитот на природен гас низ Украина, рече пред новинарите во Киев бизнисменот Димитриј Фирташ.

Според неговите зборови, тоа станало можно благодарение на решавањето на прашањето за полнењето на подземните складишта за гас на земјата, како и други компромисни решенија меѓу компанијата и Киев.

Паралелно со договорите за полнење на складиштата, потребно е да и се оддаде почит на „Нафтогас Украина“, бидејќи се согласи „Газпром“ да обезбедува поголеми испораки, рече Фирташ.

Тој додаде дека дополнителниот обем на транзит на гас преку Украина, Русија ќе го пренасочи преку некои други правци.

Фирташ смета дека „Нафтогас“ профитира, но и дека ни „Газпром“ не е во загуба, бидејќи Украина се обврзала во текот на зимата да земе додатна количина на гас на самиот пазар.

Според неговото мислење, Украина ќе заработи 10 проценти од екстра транспортот, што е многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП