22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗКрај на една ера: Последното „Lamborghini“ (само) со V12 мотор

Крај на една ера: Последното „Lamborghini“ (само) со V12 мотор

„V12“ моторите на „Lamborghini“ беа во голема мера познати од „Aventador“ и неговиот претходник „Murcielago“. Во иднина, сепак, тие ќе тргнат по поинаков, електрифициран пат.

Дури и егзотичните брендови како „Lamborghini“ не можат да останат имуни на електрификацијата. Намалувањето е сеприсутно, па неодамна „Mercedes“ ја претстави „AMG“ верзијата на „C-Class“ со половина цилиндри.

Електричната помош е речиси неопходна. Во таква средина, „Lamborghini Aventador“ делува како да заостанува во минатото.

Моделот е претставен пред 11 години, а оттогаш е произведен во респектабилни 11.465 примероци.

Не знае за електрификација, а ја мрази турбината. Се напојува со атмосферски V12 „скапоцен камен“. Подобро кажано, тој го започна, бидејќи деновиве беше произведен последниот примерок.

Станува збор за „LP 780-4 Ultimae Roadster“, кој наскоро ќе биде испорачан на купувач во Швајцарија.

Да потсетиме, производството на „Aventador“ веќе беше прекинато, но потоа по хаваријата на бродот на кој имаше 15 примероци од тој модел, повторно започна, за да се надомести загубата.

Сега дефинитивно е готово и „Lamborghini“ повеќе нема да нуди ништо слично.

„Aventador“ придвижуван од 6,5-литарски V12 атмосферски мотор го имаше своето деби во 2011-та година на Саемот за автомобили во Женева.

Брзо стана најуспешниот V12 модел на марката во историјата и до денес ги надмина сите други модели V12 комбинирани во историјата на марката, вклучувајќи ги и „Miura“, „Diablo“ и „Countach“.

„Lamborghini“ нема да се откаже од V12 моторот во иднина, но веќе нема да го нуди без електрична помош.

Идниот врвен модел на марката ќе биде „plug-in“ хибрид, каде потрошувачката сепак ќе биде во втор план, зад перформансите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП