26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 53 новозаразени со ковид, едно лице почина

Регистрирани 53 новозаразени со ковид, едно лице почина

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 546 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 22, Охрид – 5, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола и Велес – по 3, Тетово, Штип и Ресен – по 2, Куманово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Кратово – 1.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.

Регистрирани сe 103 оздравени пациенти од: Скопје – 75, Кавадарци – 5, Битола, Велес и Штип – по 4, Ресен – 3, Прилеп и Кратово – по 2, Куманово, Тетово, Кочани и Радовиш – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, е регистрирано едно починато лице од Скопје (82г), починат во болнички услови. Пријавеното лице е починато на 10.09.2022.

Досега во земјата бројот на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП