26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАДенеска е првиот ден од есента, кој ќе трае шест минути подолго...

Денеска е првиот ден од есента, кој ќе трае шест минути подолго од лани

Оваа година есента започна ноќта помеѓу 22 и 23 септември, петок во 3:03 часот по средноевропско време и ќе трае до 21 декември до 22:48 часот, кога започнува зимата.

Есента на северната хемисфера на Земјата доаѓа на 266-от ден од 2022 година во 38-та недела, а интересно е што во тој момент ќе поминат 72,88% од оваа година. Во истиот момент на јужната хемисфера на Земјата ќе започне пролетта.

Есента започнува во моментот кога Сонцето, во своето привидно движење во текот на годината, го преминува небесниот екватор и се движи кон јужната небесна хемисфера.

Во тој ден Сонцето изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад, денот и ноќта се еднакви и траат по 12 часа. Тој ден се нарекува есенска рамноденица. Професионално, а поточно доаѓањето на есента се дефинира како момент кога центарот на Сончевиот диск достигнува нулта деклинација, а ректасцензија на Сонцето е околу 12 часот.

По 22 септември Сонцето ќе почне да се спушта под небесниот екватор и неговата светлина постепено ќе станува послаба, а ноќите подолги.

Сонцето ќе ја достигне најниската точка на небесната купола на првиот ден од зимата.

Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, што е за шест минути повеќе од лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП