20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 75 новозаразени со ковид 19, нема починати

Регистрирани 75 новозаразени со ковид 19, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 887 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 38, Куманово – 8, Велес – 6, Кавадарци – 4, Охрид, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Прилеп и Штип – по 2, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 21 реинфекција.

Регистрирани сe 99 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Кавадарци и Прилеп – по 7, Куманово – 6, Охрид – 5, Велес и Тетово – по 3, Штип, Гостивар, Кочани и Кратово – по 2, Гевгелија, Битола, Неготино, Крива Паланка, Берово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата бројот на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 649.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП