28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 173 новозаразени од коронавирус во последните три дена

Регистрирани 173 новозаразени од коронавирус во последните три дена

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 16.9 до 18.9.2022) направени се 1.216 теста, а регистрирани се 173 нови случаи на Ковид-19: Скопје –123, Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.

Од вкупниот број позитивни (173), регистрирани се 46 реинфекции.

Регистрирани сe 186 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 107, Куманово – 11, Кавадарци и Велес – по 9, Прилеп, Кочани и Неготино – по 6, Битола – 5, Берово – 4, Тетово, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар и Струмица – по 2, Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (16.9 – 18.9.2022) пријавени се 3 починати лица, по едно од Скопје (69), Валандово (75) и Охрид (79). Лицата се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата бројот на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП