26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 89 новoзаразени со ковид, пријавено е едно починато лице

Регистрирани 89 новoзаразени со ковид, пријавено е едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 26 реинфекции.

Регистрирани сe 125 оздравени пациенти од: Скопје – 82, Битола – 8, Куманово и Велес – по 6, Кавадарци – 4, Неготино и Берово – по 3, Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Струмица (71г), починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП