30 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКаде се наоѓа хемикалијата која предизвикува тумор

Каде се наоѓа хемикалијата која предизвикува тумор

Во бројни намирници кои секојдневно се на нашето мени е пронајдена хемикалија која предизвикува појава на тумор.

Станува збор за хемикалијата наречена акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржените компирчиња, крекерите, па и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој настанува со термичкото загревање при пржењето на наведените производи. Во најголема опасност се децата поради ниската телесна маса.

Опасноста од акриламид е потвредена од агенцијата на Европската унија ЕФСА (European Food Safety Authority), која веќе предложува нови закони за постапување со храната.

Зошто акриламидот е опасна хемикалија?

Акриламидот кој се консумира орално се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт и се дистрибуира до сите витални органи и таму метаболизира. Така настанува глицидамид кој е предизвикувач на генетски мутации и тумори кои се појавуваат кај лицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП