30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАХрват го реши проблемот со заплетканите слушалки

Хрват го реши проблемот со заплетканите слушалки

whyknot1

Секој кој има смартфон, знае колку е страшно чувството кога од џебот ќе ги извади слушалките кои во меѓувреме се заплеткале, овој проблем понекогаш е еднаков на решението на Рубиковата коцка.

Меѓутоа, еден млад тим од Хрватска пронајде одлично решение за овој проблем.

Нивниот производ „Why knot“ е едноставен ефикасен држач за слушалки кој целосно го спречува нивното заплеткување.

По изработката на неколку прототипи, беше претставенa верзијата која е компатибилна со сите видови на слушалки од денешните смартфони.

Авторот на „Why knot“ е 27 годишниот социолог Младен Симич, кој зад себе има веќе неколку патенти и е ко-автор на мобилната апликација „World In Numbers“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП