8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПротив деманција – куркума

Против деманција – куркума

Куркумата го штити мозокот и помага за зачувување на добрата меморија. Ароматичниот индиски зачин го поттикнува ширењето на матичните клетки на мозокот и може да биде клучен во „регенерацијата“ на мозокот од невродегенеративните болести како Алцхајмеровата болест.

Љубителите на зачинета храна се подобро заштитени од разните невродегенеративни болести, како деманцијата или Алцхајмеровата болест, покажа истражувањето на германскиот Институт за медицина. Според тоа, куркумата е клучниот сојузник на здравите мозочни клетки, а помага и при нивната обнова.

Докажано е дека, антиоксидансите во куркумата ги стимулураат матичните клетки во мозокот наречени NSCS кои подоцна се претвораат во неврони и имаат важна улога во обновувањето на мозокот по болест или пак мозочен удар.

При консумирање на одредена количина куркума, профилацијата на овие матични клетки се зголемува за 80 проценти, поради што невроните значително побрзо созреваат.

Потребни ни се понатамошни истражувања кои ќе откријат како делува куркумата, а тоа може да придонесе во подобрување на терапијата за лицата со деманција, вели д-р. Адел Руегер.

Претходните студии покажаа дека куркумата делува така што спречува стеснување на вените и овозможува подобар проток на кислород во мозокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП