2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрчањето не штити од една многу опасна болест

Трчањето не штити од една многу опасна болест

Истражувањата покажаа дека лицата кои трчаат повеќе од 25 километри неделно имаат за 40 проценти помал ризик од смрт од Алцхајмерова болест.

Трчањето и останатите форми на физичка активност со слична потрошувачка на енергија го намалуваат ризикот од смрт предизвикана од Алцхајмеровата болест за дури 40 проценти, покажа истражувањето спроведено во лабораторијата Лоренс Баркли.

Според нив, вежбањето може да го спречи намалувањето на волуменот на мозокот до кое доаѓа кај лицата на поодмината возраст како и да го намали ризикот од смрт предизвикана од Алцхајмерова болест.

Податоците кои ги објави „Journal of Alzheimer’s Disease“ сугерираат дека и консумирањето на статин, лек наменет за контрола на концентрацијата на холестеролот во крвта, исто така е поврзано со 40 проценти намален ризик од смрт од оваа болест.

Ваков учинок има и секојдневното консумирање на најмалку три порции на овошје.

Во новото истражување податоците се собрани од околу 153.000 лица следени во текот на 12 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП