УХМР и денеска со предупредување за нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Спроед најавите, прeтпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. УВ=6

