27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивал на книгата - доживување со книга на отворено

Фестивал на книгата – доживување со книга на отворено

Успешните две пандемиски изданија на Саемот на книга на отворено, продолжуваат со одржување на “ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА”, кој ќе се одржи во периодот 7-12 септември 2022 година на отворениот простор во комплексот на СЦ Борис Трајковски (поранешен картинг), под монтажни објекти.

Фестивалот претставува манифестација, посветенa на книгата во посебна атмосфера, проследенa со музичка програма во попладневните часови, каде посетителите ќе може да уживаат во дружење зачинето со одлична програма.

“Скопје чита!” е мотото на фестивалот, а ветувачки податок е фактот што стапката на читаноста значително се зголеми последните две години.

На Фестивалот на книгата на околу 2.000m² изложбена површина ќе се претстават 30-тина најголеми издавачки куќи, а со оглед на атрактивноста на понудените наслови и широката програма на изложување, очекуваме посета од 15.000 посетители на Фестивалот на книгата.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Работно време на фестивалот од 10:00 до 20:30 часот. Билетите ќе може да се набават на билетарите пред влезот и чинат 50 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП