27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ дефинитивно нема да оди на УС Опен

Ѓоковиќ дефинитивно нема да оди на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да учествува на претстојното Отворено првенство на САД во Њујорк.

„За жал, нема да се натпреварувам годинава во Њујорк. На сите играчи им посакувам добар турнир“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи, неколку часа пред ждрепката за последниот Грен слем во сезоната.

„Им благодарам на навивачите за сета љубов, поддршка и охрабрување. Продолжувам да ја одржувам формата и оптимизмот и се радувам на нови натпревари. Се гледаме наскоро“, додаде српскиот тенисер кој не може да влезе во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

УС Опен започнува во понеделник, а титулата ја брани Русинот Данил Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП