18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги: Еврото се „врати“

Марио Драги: Еврото се „врати“

dragi1

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги го поздрави „враќањето“ на еврото на сцена, но потенцираше дека уште многу работи треба да се направат во еврозоната.

Обраќајки им се на бизнис и политичките лидери на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Драги изјави дека мерките за штедење кои ги превземаа земјите погодени од кризата се „неизбежни“, и покрај влијанието кое го имаа на растор на таа земја.

„Мислам дека минатата година треба да биде запаметена како година на враќање на еврото на сцена“, рече Драги во долгоочекуваниот говор.

Тој укажа на три извонредни чекори кои ги превземаа европските лидери и институции за да се справат со должничката криза, која 17-члената Унија ја турна во рецесија.

Владите на земјите членки на еврозоната брзо ги воведоа структурните реформи, а сега тие „ги собираат нивните плодови“, изјави шефот на ЕЦБ.

ЕЦБ, исто така, превзема одредени активности, меѓу кои е приливот на ликвидност од 1.000 милијарди евра во банките.

„ЕЦБ неодамна најави дека програмата за купување на обврзниците на задолжените земји се покажа како многу успешна, таа помогна во намалувањето на перцепцијата дека еврото е на работ од колапсот“, изјави Драги.

Тој, сепак, рече дека е премногу рано да се објави крај на борбата.

Драги, исто така, го поздрави периодот на „релативен мир“ на финансиските пазари и рече: „Сите показатели укажуваат на значително подобрување на финансиските услови“.

Тој предвиде дека економијата во еврозоната ќе се стабилизира, и дека во оваа година ќе има „многу ниско ниво на активност“, предвидувајќи заздравување во втората половина од годината.

ЕЦБ прогнозираше дека економијата на еврозоната оваа година ќе ослабне за 0,3 проценти, но дека во 2014 година ќе заздрави, остварувајќи раст од 1,2 проценти.

Драги ги повика владите да не се откажуваат од спроведувањето на реформите, а своето обраќање го заклучи со повикот кон глобалната елита да не ја потценува економијата на еврозоната, и покрај нејзините потешкотии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП